ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ЖИВЕААТ 100 ГОДИНИ И СЕ НАЈЗДРАВИ НА СВЕТОТ: Еве што јадат секој ден

8 февруари, 2021
рр

Луѓето од племињата Хунза и Вилкимбаба живеат 100 години и се најздрави на светот! Еве каква храна консумираат секој ден …

Племињата Вилкмбамба и Хунза се посебни по многу нешта, но овие племиња привлекуваат големо внимание бидејќи животниот век на нивните членови е 100 години.

Тие се исклучително здрави и долговечни, а целиот свет се прашува која е нивната тајна.

Вилкамбамба е мал, крајно недостапен град во јужниот дел на Еквадор и често се нарекува „изгубен град на Инките“, а племето Хунза се наоѓа во северниот дел на Пакистан во близина на границата со Русија и Кина.

Овие две племиња водат сличен начин на живот и карактеристично е што тие имаат исклучителна почит кон постарите лица и се грижат еден за друг цел живот. Покрај развиената емпатија што е предуслов за среќна заедница, тајната на нивното здравје и долг живот е во традиционалната, нискокалорична, претежно растителна диета.

На храната често гледаме како на забава, односно на задоволство што ќе замени некое друго емотивно лишување. Неразвиената свест за храната што ја јадеме доведува до зголемен ризик од разни болести и дебелина.

Луѓето од племињата Хунза и Вилкамбамба ја сметаат храната како енергија што им е потребна за да ги охрабрат нивните тела да функционираат здраво.

escort - Korsan taksi