Можеби токму затоа носталгијата по детството и младоста кај нив е многу посилна, емоциите подлабоки, чувствата поизразени кога ќе се спомнат „оние години“, кои до душа кога ќе станеме доволно возрасни или подостареме, на сите ни недостасуваат.

Затоа неретко сите ние посегнуваме по враќање во минатото, не само во мислите и сеќавањата, разговорите и муабетите, туку и по сведоците на тоа време – старите фотографии и  по некое филмско видео.

Меѓу сите нас и тие – познатите и јавни личности. Впрочем и тие како и ние, како секој од нас биле и деца и момчиња или девојчиња, нечии дечиња, татини принцези, мамини синови… Гордост на нивните родители. Затоа понекогаш пребарувањето, „копањето“ по старите фотографии ни ги враќа тие среќни моменти на неизмерна радост, не враќа во детството, младоста, годините на безгрижност и слобода. Секого од нас, па и неа… Тијана. Или фрау Ула, ако повеќе сакате, доколку нејзината улога во „Преспав“ ви е подрага.

Токму таа  повторно „копала“ по старите фотографии, па нашла неколку што будат носталгични спомени. Пред можеби и Вие да го направите истотот, запрашајте се дали можете  да ја препознаете нашата музичко-актерска ѕвезда, без да знаете дека е таа?

А, можете да прашате и некого што не ве познава многу оддамна, дали ќе ве препознае на Вашата фотографија од детството или младоста?

Како и да е, ова е Тијана, односно, Тијана заедно со Тамара и татко им Велко Тодевски, најверојатно на роденденска фотографија пред… „извесен број“ години!