ПРЕСТАНЕТЕ ДА ТРОШИТЕ ПАРИ на скапи КРЕМИ! ЕВЕ како БРЗО И ЛЕСНО сами да направите ПУТЕР ЗА ТЕЛО

25 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-25 191004

Путерот за тело е многу поцврст, помасен и подебел од лосионот и служи за хидрирање и омекнување на сувата кожа на телото. Бидејќи не содржи вода како некои креми и лосиони, не ја суши кожата.

Правењето путер за телото е прилично едноставно, а потребни ви се само неколку состојки. Се препорачува путерот што ќе го направите дома да го користите 6-8 месеци и да го чувате во херметички затворен сад подалеку од сонце.

Како се користи путерот за тело?

Путерот за тело се користи како лосион – потребно е да се масира во кожата за добро да се впие. За подобра апсорпција, се препорачува употреба после туширање. По потреба можете да нанесете путер на телото за да ја омекне и хидрира кожата.

Имајте на ум дека путерот за тело е многу мрсен и на вашата кожа ќе и требаат неколку минути да го апсорбира. Не одете боси откако ќе го нанесете и на стапалата, бидејќи може да се лизнете.

Како да направите путер за тело?

Иако шеа путерот, какаото или путерот од манго се користат како основа во рецептите за правење природен путер, ако немате време да направите ваш путер, можете да ги користите и самостојно за мачкање.

Путерите може да се најдат во блиската аптека или дрогерија.

Шеа путерот има благ природен мирис и ронлива текстура. Какаовиот путер мириса на чоколадо и не може да се користи сам во препаратот бидејќи смесата може да испадне многу тврда, затоа се препорачува да се измеша со други путери и масла.

Кога правите природни путери за тело дома, се додаваат масла како што се: кокосово масло, бадемово масло, масло од јојоба, масло од авокадо, маслиново масло, масло од сладок бадем.

Обично, неколку капки есенцијални масла се додаваат за путерот да мириса убаво, но можете да ја прескокнете таа состојка. За да го направите потребен ви е и миксер.

escort - Korsan taksi