Пристигнува новата соработка на брендот на Ким – Skims x Fendy

26 октомври, 2021
248455441_355634099680957_3033038268467677422_n-e1635231019915-790x514

Ким Кардашијан Вест полека но сигурно го освојува модниот свет. Претприемачот и ријалити ѕвезда, која во последно време ги носи исклучиво „custom made“ креациите на Balenciaga кои ја истакнуваат фигурата, соработуваше со друг бренд со долга историја зад себе: Fendi.

„Иновацијата на ткаенината типична за Skims во комбинација со луксузот и квалитетот на Fendi може да изгледа невообичаено за некого, но сличностите помеѓу нашите креативни визии и цели се тесно поврзани. Таа тензија ме возбудува“, изјави Ким Кардашијан Вест.

„Капсулната колекција за современата жена“, како што е опишано, ја замаглува границата помеѓу долна облека, спортска облека и луксузни парчиња, а како што покажува кампањата на Стивен Мајзел, има најлони, долна облека, хулахопки и маици, фустани и палта, во различни бои – од тонови на кожа до црна и розова. Ќе се продава од 9 ноември, а цените се движат од 100 долари па се до 4.200 долари за кожен фустан без ракави.