Ретка глетка: Вака изгледаше Миа Костова на матура (фото)

5 јануари, 2021
mia

Некогашната македонска водителка, а денес инфлуенсерка Миа Костова е активена на социјалните мрежи.

Таа е доста активна на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно постира фотографии и покажува што прави, како го поминува времето, ги рекламира своите пријатели, дава совети и препораки, покажува како се дружи со својот син Андреј…

Миа често знае да и одговара на „Инстаграм прашања“, па така да ја засили виртуелната комуникација со своите следбеници.

Меѓутоа, Костова деновиве извади фотографија од архива, а такви фотографии имаме сите и некогаш знаеме да пребаруваме по постарите албуми и да се потсетиме како сме изгледале некогаш.

Овој пат, водителката се потсети на периодот од крајот на средношколските денови, односно на барање на вирутелните пријатели покажа како изгледала на матура.

Таа позира до басистот на Нокаут, Виктор Николовски, а за оваа прилика е облечена во црни панталони во комбинација со црна маица и високи потпетици. Исто така, таа нема руса коса туку кафеава.

„Кој ми бараше слика од матура?“, напиша екс водителката до објавата.

Како ви се допаѓа во вакво издание?

escort - Korsan taksi