Режим на исхрана на МЕГАН МАРКЛ: Ова се тајните на совршениот изглед на поранешната војвотка од Сасекс

29 јануари, 2021
281531_profimedia0478411925_ff

Исто така, за неа е многу важно да јаде здраво, редовно да вежба и ништо да не прави што би и ја одзело енергијата!

Таа еднаш изјави дека денот и започнува со исцеден лимон во чаша топла вода за брз метаболизам.

За појадок јаде овесна каша и банани, а наместо кафе, пие зелен смути направен од спанаќ, , јаболко, ѓумбир и лимон, што е совршена комбинација за обезбедување на потребната енергија во текот на целиот ден.

За ручек, Меган обично јаде риба со зеленчук, а омилена вечера и се тестенини со чаша вино. Убавицата објасни дека јаде храна што прави да се чувствува добро, па избегнува закуски и слатки што и ја одземаат енергијата.

Сепак, Меган повремено си дозволува малку да се опушти, а потоа најмногу ужива во помфритот.

Инаку, Меган обожава да готви, а пред неколку години започна да избегнува глутен.