РОМАНТИЧНО ИЛИ…? Никогаш не би погодиле што истетовирал синот на Дејвид и Викторија Бекам!

28 јануари, 2021
314869_viktorija_ff

Младиот фотограф Бруклин Бекам ја пронајде жената на неговиот живот, и додека го чекаат моментот на венчавката, тој и подготвува романтични изненадувања на својата свршеница, а таа сигурно не се надеваше на ова најновото.

Минатата година сите беа изненадени од веста дека синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка и поранешна членка на групата Spice Girls, Викторија Бекам е пред брак. Фотографот Бруклин Бекам ја запроси актерката Никола Пелц по кратка врска, а парот е неразделен додека чека да стапне на луд камен, а најмногу уживаат да поминуваат време со своите семејства.

Не е тајна колку е важно семејството на Бекам, а сега гледаме дека тоа се прелеа и на нивната романтична страна, па Бруклин ја изненади својата мила за својот 26-ти роденден со тетовирање – името на нејзината покојна баба!

Никола ја споделила фотографија од новата тетоважа на нејзиниот иден сопруг, на која е напишана Џина и напишала:

-Најдобриот роденденски подарок засекогаш.