Рускиот тим кој го сними првиот филм во Вселената се врати на Земјата

popara17 октомври, 20211min0
1634453798-1634453359-profimedia-0638325433-900x489-750x408

Руските актерка и режисер кои 12 дена минаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) каде што го снимаа првиот игран филм во Вселената, слетаа во неделата утрото на Земјата.

Вселенскиот брод „Сојуз МС-18“, со актерката Јујила Пересилд и актерот и режисер Клим Шипенко, како и космонаутот Олег Новицки, се приземји во казахстанската степа во точно предвиденото време, во 4.36 часото утротов.

Руската вселенска агенција Роскосмос директно го пренесуваше слетувањето и на својот профил на Twitter и објави дека слетувањето било успешно и дека „тимот се чувствува добро“. Космонаутот и филмската двојка на местото на слетувањето ги дочекал директорот на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин.

Работниот наслов на филмот е „Предизвик“и дејствитето се одвива околу лекарка која немала никаква врска со истражувањето на космосот ниту за тоа некогаш размислувала, но понудено ѝ е да замине на ISS каде како хирург ќе мора да оперира космонаут, премногу болен за да се врати на Земјата и ќе му го спаси животот. Во филмот ќе се појават и професионалните астронаути кои беа дел на екипажот на орбиталнат станица.

Тоа ќе биде прв долгометражен филм снимен во Вселената, а не во студија на Земјата. Рускиот филмски проект истовременое е и документарен филм за вселенската иднустрија и професијата на космонаутите. Во САД, исто така, планираат да снимаат долгометражен игран филм во Вселената, но датумот сѐ уште не е одреден. Во американскиот проект, наводно, е вклучен и славниот Том Круз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma