Што е тоа што ги привлекува мажите како магнет?!

22 ноември, 20210
s2

Она што максимално ги привлекува мажите е нешто за кое не сте ни претпоставувале. Да, мажите се визуелни и сакаат убави лица и тела, но сето тоа е второстепено. Всушност, мажите ја преферираат внатрешната убавина. Не верувате?

Пред извесно време тим експерти во Америка направија сериозна студија проучувајќи го овој проблем односно појава. Има нешто што е многу помоќно и посексапилно од физичкиот изглед. Тоа ги тера мажите да бидат привлечени од жена дури и ако таа не е највисоката, најубавата, најумната, со најдолги нозе или големи гради…социалните психолози откриле дека макар надворешниот изглед, парите и престижот да се важни фактори во процесот на привлекување меѓу половите, тие не се и пресудни.  Ништо не се мери со нашиот однос кон самите себе – колку повеќе ние веруваме во себе, колку повеќе знаеме што сакаме и што заслужуваме, толку посилно ги привлекуваме мажите околу себе. Накратко станува збор за начинот на однесувањер кој демонстрира самоувереност. Нејзината способност да се однесува вака во машко друштво ги соблазнува мажите да и се приближат и да посакаат да ја запознаат таквата жена.

Само за споредба, ако жената делува несигурно, исплашено, лабилно, ако е песимистична, таа ќе изгледа незрело и нестабилно во нивните очи односно носи ознака – неспособна за сериозна врска. Затоа како жени е важно да научиме да се контролираме и да не ги покажуваме своите слабости. Секогаш да си ја знаеме својата цена! Колку повисока е таа цена во твојата глава, толку повисока е таа цена во машките очи! – ова драги наши читателки е најважното правило! Кога жената е постојано нервозна и ги обвинува другите за сопствената несреќа, тоа ги тера мажите да бегаат од неа. Видете сега, не велам дека жената треба да е совршена и дека никогаш не смее да има лош ден и да покаже слабост. Разликата е што едните жени успеваат да си ги решат сами своите проблеми, а другите запаѓаат во депресивни и меланхолични состојби што воопшто не е привлечно од машка гледна точка. Се согласувате нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi