СКАПА ЉУБОВ: Овие се најскапите алиментации во Холивуд – еден плаќа дури 90 ИЛЈАДИ ЕВРА месечно!

2 јануари, 2021
љубов

Иако многумина стапуваат во брак со надеж дека ќе заврши среќно, многу приказни не добиваат таков епилог. Некои sвезди поминаа низ развод (или повеќе од нив), каде што некој заврши со полн џеб, а некој со полупразен џеб.

Ова е список на светски „лица“ кои плаќаат „вртоглава“ алиментација на своите поранешни партнери.

Актерот Чарли Шин треба да издвои околу 90 илјади евра месечно за алиментација. Откако се разведе од Дениз Ричардс, судот утврди дека тој мора да плаќа 45 илјади евра месечно за неговите ќерки Сем и Лола. Актерот треба да и плати иста сума на својата поранешна партнерка Брук Милер за нивните два сина Боб и Макс.

Еди Марфи тешко се помири со фактот дека ќе мора да плаќа алиментација. Кога била извршена ДНК анализа, комичарот признал дека е татко на Ангел, која е роден од пејачката Мел Би. Судот утврди дека тој треба да плаќа околу 50 илјади евра месечно за девојчето.

Edi Marfi

Актерот Мел Гибсон и плаќа на својата поранешна партнерка Оксана Григоријева, со која ја има ќерката Луција, околу 16.500 евра.

Mel Gibson

Музичарот Пол Макартни по разводот и плати на својата поранешна сопруга Хедер Милс нешто повеќе од 40 милиони евра, а секој месец и плаќа алиментација на нивната ќерка Беатрис од околу 52.000 евра.

Пејачката Бритни Спирс плаќа алиментација на својот поранешен партнер Кевин Федерлајн за нивните два сина Шон и Џејден, што изнесува 45 илјади евра.

escort - Korsan taksi