Снимена е последната епизода од шоуто „Во тек со Кардашијанс“ (ВИДЕО)

10 јануари, 2021
kim

Ким Кардашијан на својот профил на Инстаграм објави снимки од последното снимање и покажа како се збогува од тимот кој работеше на шоуто што го прослави нејзиното семејство.

“Готово е. Сепак, со солзи. Официјално се расплакувам”, напиша Ким заедно со фотографиите од снимањето.

На почетокот на септември, семејството Кардашијан објави дека ќе го заврши своето планетарно популарно шоу со 20-та сезона.

“Со тешко срце, донесовме тешка одлука да се збогуваме од шоуто како семејство. По 14 години и 20 сезони, стотици епизоди и бројни спин-оф емисии, ние сме повеќе од благодарни на сите што нè гледавте со години”, напиша тогаш Ким. на социјалните мрежи со фотографија од првата сезона на шоуто.

Шоуто започна да се емитува во 2007 година.

escort - Korsan taksi