Пејачката Тамара Тодевска неодамна успешно закрепна од коронавирус и помина со домашно лекување.
Деновиве повторно се врати на своето секојдневие и грижата за семејството, но вчеравечер таа објави дека им се случила една немила случка која веруваме особено ги растажила децата на Тамара.
Имено, тие останаа без нивното персиско црно маче Ари кое е изгубено. Тамара ова го објаи на Инстаграм пишувајќи:
-Изгубен е Ари во Тафталиџе, ако некој го видел ве молам нека ми пише, објави Тамара на својот профил со дополнување од тажни симболи.
Во пресрет да помогнат барем преку социјалните мрежи беа доста познати, меѓу кои прва беше Лила Филиповска која исто така чува мачор, па ова за неа беше особено чувствителна тема.
Се надеваме дека Ари ќе му се врати на семејството или некој ќе го пронајде, па особено ќе ги израдува Хана и Дарен.ТАГОВИ: