Топло чоколадо на мексикански начин!

10 јануари, 2021
395874_x4_f

За љубителите на какаото нема подобра комбинација од топло чоколадо, меко ќебе и добра книга (музика, филм, серија), особено за време на студените, зимски денови…

Состојки (за една личност):

  • 30 гр црно чоколадо
  • чаша полномасно млеко
  • 2 лажици шеќер или мед
  • лажица незасладен какао во прав
  • малку сол
  • половина лажичка цимет
  • прстофат чили пиперки

Подготовка: Измешајте рендано чоколадо, какао и половина чаша млеко во метален сад. Свртете го шпоретот на најниска температура. Само тогаш ставете го садот на рингла и нежно мешајте, додека чоколадото не се стопи целосно. Потоа додадете го остатокот од млекото и солта. Промешајте, па додадете шеќер. Продолжете со мешање додека смесата не се соедини. Додадете половина лажичка цимет и малку чили пиперки. Целата постапка трае околу 10 минути, а врвните слаткари веруваат дека комбинацијата чили пиперки и чоколадо е непогрешлива. Уживајте!