ДЕЈВИД Ѝ ФРЛИЛ ОКО НА КИМ? Викторија Бекам ги „стрела“ со поглед

20 април, 2021
Opera Snapshot_2021-04-20_015148_story.hr

Пред два месеци Ким Кардашијан откри дека и дошол крајот на нејзиниот трет брак и наскоро треба официјално да се разведе од легендарниот рапер Канје Вест. Иако многу жени ширум светот ги поминуваат своите денови по разводот гледајќи романтични филмови и „полнејќи“ се со големи количини на сладолед, поранешната ријалити sвезда одлучи да го продолжи животот во целост.

Kim Kardashian

Забавите, патувањата, дружењето со пријателите станаа нејзино секојдневие, а нејзиното последно појавување на роденденска забава предизвика лавина коментари. Тоа е прослава на 47-миот роденден на поранешната Спајсица и модна дизајнерка, Викторија Бекам.

Луксузната прослава беше организирана во Мајами, а покрај семејството, се собраа и многу луѓе од високото општество и јавната сцена. Меѓу нив беше и Ким, која се појави во тесен фустан со висок шлиц, а по нејзиното влегување никој не остана рамнодушен.

Но, би било чудно да не започнаа „шепотењата“, бидејќи славниот фудбалер Дејвид Бекам остана без зборови кога ја виде атрактивната милијардерка. И додека Ким и Дејвид реагираа лежерно, реакцијата на Викторија стана вистински хит.

Victoria Beckham

Поранешната Спајсица не ги тргна погледите од сопругот и најпознатата Кардашијан, а според фановите, жестоко мерела со погледот додека била во близина на пензионираниот фудбалер. И додека некои фанови коментираат како Викторија доби сериозна конкуренција, други пишуваат дека тоа е глупост со оглед на тоа што тие две се долгогодишни пријатели. Затоа проценете сами …

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris