Земја каде важат најнеобичните правила: Овие работи можете да ги видите само во Австралија! (ФОТО)

25 јануари, 2021
да


Ви откриваме неколку интересни факти и работи кои можете да ги сретнете само во Австралија.

1. За да разберете колку е голема Австралија, замислете го ова. Во Австралија има само еден ранч кој е поголем од целиот Израел и се смета за најголем ранч во Светот.

2. Ако избегнете гласање, ќе следи парична казна

Кога ќе наполнат 19 години, Австралијците се сметаат за возрасни граѓани кои имаат право на глас, иако би било подобро да се каже дека е обврска да гласаат. Доколку не одите на гласање и немате добар изговор за тоа, ќе бидете казнети со парична казна од 20 до 50 долари. Доколку одбијат да ја платат казната, им се одзема возачката дозвола.

3. На што ве потсетува Операта во Сиднеј? Ако мислевте дека е едрилица, грешите. Архитектот добил инспирација додека јадел портокал. Кога ќе ги споите сите парчиња, ќе добиете совршен круг.

4.Низ целата Австралија има 150 огромни необични скулптури. Во форма на печурки, банани и крокодили се само некои од нив. Направени се како атракција за туристите.

5. Невообичаени знаци покрај патот. Знаците обично служат за да нѐ информираат или предупредуваат, но во Австралија постојат и од други причини. Имено, некои патишта низ земјата се толку долги и здодевни, па властите излегоа со идеја да додадат, покрај информативни знаци, и оние што ќе ги анимираат патниците. Некои од нив содржат слика или пократок текст.

escort - Korsan taksi