Дали никотинот е главниот виновник за болестите од пушењето?

19 април, 2021
shutterstock562328344-620x350

Никотинот, како природна состојка во растението тутун, не е главниот виновник за разни болести поврзани со пушењето, потврдуваат научните истражувања. Активирањето за овој вид на болест е всушност чадот од тутунот кој содржи повеќе од 6000 штетни и потенцијално штетни материи

Поминаа повеќе од 40 години откако научникот Мајк Расел сугерирал дека „луѓето пушат поради никотинот, но тие умираат од катранот“. И покрај бројните научни студии спроведени во последните децении и кампањи насочени кон подигнување на свеста за здравствените ризици што ги носи конзумирањето на цигари, многумина сè уште го гледаат никотинот, а не чадот од тутунот, како главен виновник за болести поврзани со пушењето.

Никотинот создава зависност

Кога се консумираат производи од никотин, по 10 секунди, никотинот продира во крвотокот и го стимулира лачењето на неколку невротрансмитери, пред сè допамин, кој е одговорен за создавање зависност. За да може никотинот да биде токсичен, потребно е да се внесе или апсорбира во организмот во големи количини. Имено, научните истражувања потврдија дека за труење со никотин потребно е да се испушат околу 400 цигари, една по друга.

Иако количината на никотин што се апсорбира за време на пушењето е релативно мала, само околу 0,1 милиграм на цигара, лекарите предупредуваат дека тоа не е без ризик. Никотинот може негативно да влијае на луѓето со дијабетес, срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Интересно е што никотинот се наоѓа и во храната што е дел од нашата секојдневна исхрана – го има во доматите, компирите, карфиолот, модриот патлиџан, во некои сорти на црн чај, а го има и во лутите пиперки и гоџи бобинките. Сепак, се наоѓа во највисоки концентрации во растението тутун.

Чадот од тутун содржи штетни материи одговорни за појава на разни болести

Научниците се согласуваат дека голем број токсични соединенија, кои се формираат со согорување на тутунот, се примарна причина за болести поврзани со пушењето. Чадот од цигари содржи повеќе од 6.000 различни штетни и потенцијално штетни материи, како што се катран и јаглерод моноксид, кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, како и болести на белите дробови и органите за дишење.

Бидејќи предизвикува зависност, медицинските експерти ја истражуваа можноста да стават никотин во служба на решенија што ќе им помогнат на пушачите ширум Светот засекогаш да се ослободат од цигарите. Соодветно на тоа, терапијата за замена на никотин (НРТ) е основана во 1970-тите, што им овозможи на пушачите да консумираат значително помалку никотин во помалку штетни форми – како што се гуми за џвакање, лепенки и таблети. Бидејќи овој вид на терапија не се покажа како премногу успешен, во меѓувреме отидовме чекор понатаму, дизајнирани се електронски цигари и уреди што го загреваат тутунот, кои претставуваат друга форма на испорака на никотин. Овие уреди не се без ризици, но тие претставуваат подобра опција за пушачите отколку да продолжат да консумираат цигари.

escort - Korsan taksi