Зошто поместувањето на стрелките на часовникот може да биде лошо за нашето ментално и физичко здравје? Треба да обрнеме внимание на три работи

popara30 октомври, 20211min00
3d304560acc4fcd5984f83a5c34763a51d82859e

Ноќта помеѓу сабота и недела, ќе ги вратиме часовниците еден час наназад за да го завршиме летното сметање на времето. Ова враќање технички се поистоветува со потенцијален дополнителен час сон, но ресетирањето не е толку лесно за нашите внатрешни часовници, поточно деноноќниот ритам.

Здравје и поместување на часовникот

Создавањето десинхронизација на часовниците на нашето тело двапати годишно е поврзано со зголемени здравствени ризици како депресија, дебелина, срцев удар, па дури и појава на сообраќајни незгоди.

Може да се каже дека дополнителен час ќе ни значи повеќе сон, но сепак има влијание врз менталното и физичкото здравје.

Лошо расположение и депресија

Во текот на есента и зимата, многу луѓе обично го поминуваат целиот ден во затворени простории на работа, училиште или дома. Додека ги завршиме сите активности веќе е темно. Тоа значи дека помалку сме изложени на сонце, што ја намалува количината на витамин Д што го произведува нашето тело. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со лошо расположение и депресија, како и со замор, болки во мускулите и ослабени коски. Нарушувањата на сонот исто така може да предизвикаат зголемен ризик од ментална болест. Губењето на еден час вечерна светлина може значително да влијае на нашето расположение.

Недостатокот на сончева светлина го потиснува производството на два важни хормони: мелатонин и серотонин што предизвикува спиење, кој игра клучна улога во балансот на расположението. Со други зборови, поголема е веројатноста да бидеме мрзливи и уморни во деновите по летното сметање на времето, додека не се навикнеме на тоа.

Кардиоваскуларни ризици

Неколку студии покажаа мало зголемување на отчукувањата на срцето по почетокот на летното сметање на времето во пролет и мало намалување на крајот на есента. Во меѓувреме, стапките на мозочни удари се за 8% повисоки во првите два дена по двете временски промени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma