Како мало девојче ќерката на Џеј Ло ја гледавме во розови фустанчиња и здолништа од тул, но во последно време таа негува сосема момчешки стил. Дел од нејзините специфични аутфити…
Џенифер Лопез (52) деновиве беше фотографирана како јаде сладолед со нејзината 13-годишна ќерка Еми.
Џеј Ло тој ден промени два аутфити, според фотографиите на папарацо фотографите, но Еми цел ден беше во истиот специфичен аутфит, кој е во момчешки стил.
Во последно време Еми постојано негува таков стил, а пред извесен период ја видовме и со коса бојадисана во сино.
Додека беше мала Џеј Ло ја дотеруваше во розови фустанчиња и здолништа со тул, но очигледно на Еми не ѝ се допаѓа овој стил, па направи драстична промена.
Како ви се допаѓа нејзиниот стил и потег?