Ако го правите ова, правите голема ГРЕШКА: Што се случува во вашето тело кога јадете БРЗО?

popara28 март, 20221min00
evojka-2048x1367

Пребрзото јадење може да предизвика одредени здравствени проблеми

Честопати брзаме и немаме доволно време да седнеме и да јадеме на мир, па го правиме тоа набрзина.

Или едноставно сме се навикнале да јадеме пребрзо.

Сепак, тоа во никој случај не е здраво.

Некои луѓе вообичаено јадат пребрзо, а на некои им треба и до половина час за да го изедат целиот оброк.

Разликата е голема, бидејќи брзото конзумирање на храна може да предизвика разни здравствени проблеми, без воопшто да ни текне дека тоа е поврзано со брзината со која јадеме.

Кога јадеме брзо, главно голтаме поголеми залаци храна бидејќи едноставно не стигаме доволно за да ја изџвакаме.

Колку подобро ја изџвакате храната, толку повеќе ќе ви биде благодарен вашиот стомак. Се верува дека еден залак храна треба да се џвака најмалку 30 до 50 пати.

На тој начин хранливите материи побрзо и полесно ќе стигнат во крвотокот. Брзото голтање на храната е тесно поврзано со гасови и надуеност, бидејќи додека јадеме внесуваме многу воздух во стомакот.

Тоа е поврзано и со дебелеење бидејќи на желудникот му треба време да ни даде сигнал кога е полн, а дотогаш јадеме поголема количина на храна бидејќи немаме чувство за мерка.

Јадењето брза храна доведува и до разни проблеми со дигестивниот тракт, како и со желудникот. Предизвикува зголемување на желудочната киселина, па веројатно ќе имате чувство дека храната ви се „враќа“. Тоа е затоа што храната произведува киселина која оди од желудникот до хранопроводникот.

На вашиот желудник му треба време да ја свари храната, па затоа не очекува да внесете многу калории во него за само неколку минути.