
Интелигенцијата е важна за секојдневниот живот, бидејќи таа всушност покажува не само колку сме паметни, туку и колку лесно се прилагодуваме на новите ситуации.
Овој забавен тест за интелигенција всушност е полн со интересни трикови кои бараат малку размислување и духовитост. Не е неопходно навистина да го разберете како репер за тоа колку сте паметни или интелигентни, туку е наменет за оние кои се љубопитни и сакаат да си играат.
Одговорете на пет прашања, но така да имате само една секунда за секое, односно не размислувајте премногу долго. Ако ви е полесно, запишете ги одговорите на хартија и на крајот проверете дали се точни.
- Прашање
Учествувате во трка. Ја претекнавте личноста која е на второ место!
Кое место сте сега?
- Прашање
Ако го престигнете последниот човек во трката, тогаш сте…?
- Прашање
Решете го овој проблем без калкулатор, хартија и пенкало. Играјте фер.
Земете 1.000 и додадете 40. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 30. Повторно додадете 1.000. Сега додадете 20. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 10. Колку е тоа вкупно?
- Прашање
Таткото на Марија има 5 ќерки: 1. Нана, 2. Нене, 3. Нини, 4. Ноно.
Како се вика петтата ќерка?
- Прашање
Нем човек сака да купи четка за заби. Како го прави тоа? Имитирајќи ги движењата на миење заби, тој успева да му објасни на продавачот што сака.
Ако слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како ќе му објасни на продавачот?
Откако ќе одговорите на прашањата, побарајте ги точните одговори подолу.
Одговори:
- Ако одговоривте дека сте први, се лажете. Ако ја престигнете втората личност и го заземете нејзиното место, тогаш вие сте втори.
- Ако одговоривте дека сте претпоследни, тогаш повторно грешите. Како можете да го престигнете последниот човек?
- Дали добивте 5000? Точниот одговор е 4.100. Не ви се верува? Проверете со калкулатор.
- Нуну? Се разбира не. Нејзиното име е Марија. Прочитајте го прашањето повторно.
- Зборови. Едноставно.