Ако треба да купите само еден пар чевли оваа есен, тоа нека бидат ОВИЕ

popara11 октомври, 20221min00
BEST LOAFERS 160622 default-land-GettyImages-1346486929

Оваа есен мокасините го заземаат апсолутното водство кога се во прашање модерните обувки.

За неодолив есенски стајлинг дефинитивно ви се потребни мокасини кои се толку лесни за комбинирање, а штом ги набавите ќе видите зошто се најобожуваните чевли во есенската сезона.

Како палтата, чизмите и убавиот плетен џемпер, мокасините претставуваат модно парче кое ја формира основата на есенскиот стајлинг.

Можат да се носат речиси со се, а парижанките сакаат да ги носат со фармерки или мини здолништа.

Пред две години мокасините доживеаја големо враќање и оттогаш не го напуштија тронот на популарноста.

Се започна со италијанскиот бренд „Прада“, кој објави популарен модел на мокасини со платформа која набрзо ги освои сите љубители на модата.

Во текот на пролетта актуелни беа мокасините во крем и кафена боја, а оваа есен најпопуларен модел е оној со платформа.

Инаку, чевлите со платформа се во тренд последнава година откако модната куќа „Версаче“ минатата есен претстави модел кој преку ноќ стана тренд, а сега и мокасините добија своја верзија на платформа.