
Многу фанови на Реал Мадрид беа изненадени од објавата која се појави на Твитер на легендарниот капитен на овој клуб, Икер Касиљас.
Имено, на неговиот Твитер е објавено неговото наводно признание дека е геј.
„Се надевам дека ќе ме почитувате. Јас сум геј“, се наведува во објавата која набрзо беше избришана.
Многумина беа изненадени и зачудени од ова, бидејќи Касиљас во неколку наврати беше во врска со неколку жени, а 12 години помина со новинарката Сара Карбонеро со која има два сина.
Иако и двајцата се познати личности, приватноста ја задржаа само за себе, но нивната врска стана јавна кога Икер направи симпатичен потег додека ѝ даваше изјава на својата сакана на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене. На моите родители, на брат ми, на моите пријатели и на тебе“, рече тој и страсно ја бакна Сара пред камерите.
Оваа романтична сцена ги потврди како пар, а тие престанаа да ја кријат љубовта.
Нивниот прв син Мартин се роди во Мадрид на 3 јануари 2014 година. Во ноември следната година парот објави дека го очекува своето второ дете. Три месеци пред раѓањето на нивниот втор син Лукас, кој пристигна на светот на 2 јуни 2016 година, тие се венчаа.
Тие беа познати како омилен пар без скандали и поминаа низ многу тешки моменти заедно, како што се неговиот срцев удар и нејзиниот рак на јајниците, па многумина беа изненадени кога објавија дека се разведуваат во март минатата година, што Касиљас го откри во емотивен пост.
„И Сара и јас чувствуваме огромна гордост во нашето семејство и љубовта што ја споделивме што не исполнуваше со среќа во текот на нашите заеднички години. Денес, нашата љубов како двојка се движи во друга, но не далечна насока, бидејќи ќе продолжиме заедно со прекрасната задача да бидеме посветени на нашите родители како што бевме досега“, напиша тој.

„Ова е одлука што ја разгледавме многу добро и ја постигнавме со заеднички договор. Почитта, интимноста и пријателството ќе останат засекогаш. Наш приоритет е да ја споделиме грижата за благосостојбата и образованието на нашите деца преку наклонетост и компромиси, кои ќе ги заштитиме за да растат во стабилна и здрава средина“, напиша тој во таа прилика.
Cuenta hackeada. Por suerte todo en orden. Disculpas a todos mis followers. Y por supuesto, más disculpas a la comunidad LGTB. 🙏
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 9, 2022
Со оглед на тоа што тој помина години во среќна љубов со Сара, не е чудно што објавата за неговата наводна хомосексуалност предизвика многу шпекулации во шпанските медиуми, од идејата дека се шегува до сомнежот дека неговиот профил на Твитер е хакиран, што конечно беше потврдено од самиот фудбалер.
„Хакиран профил. За среќа, се е во ред. Им се извинувам на сите мои следбеници. И, се разбира, најголемо извинување до ЛГБТ заедницата“, напиша тој.