АМБЕР ХЕРД ЌЕ БИДЕ ИСФРЛЕНА ОД НОВИОТ АКВАМЕН? Петицијата против неа ја потпишаа 2 милиони луѓе: Мажите се жртви на семејно насилство

popara29 април, 20221min00
1515239_profimedia0371219893_ls

Скандалозниот развод на еден од најпопуларните светски актери Џони Деп и неговата поранешна партнерка Амбер Херд со денови ги тресе медиумите, а гадните обвинувања на оваа актерка ги им ги кинат ушите на сите.

Обожавателите на популарниот актер застанаа во негова одбрана и направија петиција со која ја притиснаа екипата од продукцијата на филмот „Аквамен 2“ да ја отстрани Амбер од филмот.

Петицијата со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот Аквамен 2, собра два милиони потписи.

Džoni Dep, Amber Hard

– Мажите се жртви на семејно злоставување, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки познатиот насилник да не се слави во забавната индустрија – се наведува во петицијата и се додава:

– Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од Аквамен 2. Петицијата беше покрената во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, среде тужбата меѓу Амбер и Џони Деп.

Amber Hard

Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена. Амбер треба да го игра ликот на Мера во филмот, а второто продолжение на Аквамен, под целосниот наслов Аквамен и изгубеното кралство, треба да излезе во 2023 година.