Бакарната боја на коса е НАЈГОЛЕМИОТ есенски тренд за 2022: Како да ја изберете вистинската нијанса и каква шминка оди со неа

21 септември, 20220
kosa-1

Многу познати личности ја избраа оваа боја

Бакарната боја на коса стана омилена меѓу познатите дами, а една од нив која ја бојадиса косата е и кралицата на попот, Мадона.

Идеална е за есенските денови кои допрва доаѓаат, важно е само да го пронајдете соодветниот подтон кој најмногу ви одговара.

Експертите велат дека причината за популарноста на оваа есенска нијанса е нејзината сестраност, бидејќи многу лесно се прилагодува на секој тон на кожа.

Како да ја изберете вистинската нијанса според бојата на кожата?

Во зависност од боите на подтоновите, бакарните нијанси може да варираат од потемно црвени до костенливи и посветли, „strawberry blonde“ нијанси.

Посветлите костенливи нијанси најдобро ќе одговараат на бледите и многу светли тонови на кожата, бидејќи содржат и ладни и топли тонови, додека оние со ладен подтонов најдобро ќе изгледаат со мешавина од потемни и посветли бакарни нијанси.

Жолтиот подтон на тенот најдобро ќе одговара со златно бакарна нијанса, која ќе го нагласи сјајот на топлиот тен.

Шминка која најдобро оди со бакарни нијанси на косата

Неколку бои одлично се вклопуваат со бакарната нијанса на коса, како кафеава, темно црвена, темно виолетова, корална и розова, но како и при изборот на нијанса за коса, треба внимателно да ги изберете нијансите што одлично се вклопуваат со вашата боја на кожа.

Секако најдобро е да започнете со неутрални тонови и да не испробувате нијанси на усните и образите кои ќе имаат голем контраст со бакарната боја на косата. Кафеавите и другите земјени тонови се одличен избор во есенските и зимските месеци, особено нивните потемни варијанти, додека виолетовите, тегет и длабоко виолетовите се добар избор во текот на целата година.

Што се однесува до сенките за очи, кафеавите, бронзените и зелените нијанси, како и сенката со металик ефект, прекрасно ќе одат со бакарната боја на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *