Метеж во сезоната? Замок со 27 илјади сопственици, од кои секој има право да преноќи во него

21 септември, 20220
62382606

Француски старт-ап започна кампања за спасување на групно финансирање, во која секој мора да вложи најмалку 50 евра за да се реновира замокот.

Француските замоци се одамна познати во светот – нивната архитектура инспирирала слични замоци ширум Европа, во нив денес се одржуваат празнични банкети и се снимаат филмови, некои од нив мирно заспале покрај бреговите на реките во оддалечените делови на земјата каде уживаат во мирот без многу туристи…

А еден од нив се наоѓа среде езеро и зеленило на северозападот од земјава, посебен по својот изглед и – сопственички документи.

Но, да почнеме по ред. „Chateau de la Mothe-Chandeniers“ е замок од бајките кој датира од 13 век кога му припаѓал на семејството Баукај. Наскоро избувнала Стогодишната војна помеѓу Кралството Англија и Кралството Франција (која малку се одолжила, па траела 116 години).

Откако францускиот крал Филип VI го соборил англискиот крал Едвард III од неговите поседи во Франција, Англија ја нападнала Франција. Во таа војна и овој замок неколку пати бил оштетен. За негова среќа Французите ги победиле Англичаните и тој е вратен. Мирувал до 18 век, кога започнала познатата Француска револуција, а потоа повторно бил уништен – од сопствениот народ.

62382608
62382610
62382607
62382609

Иако набрзо бил купен од богат претприемач кој вложил пари во него, во 1932 година замокот бил уништен во пожар и оттогаш поминал речиси цел век напуштен и запоставен.

Пожарот кој ја уништил внатрешноста и покривот создал простор за дрвјата кои почнале да растат од него, па добил особено атрактивен изглед кој ги намамуваше фотографите и посетителите без разлика на неговата тажна состојба.

Дури во 2017 година, француски старт-ап започнал кампања за спасување со групно финансирање, во која секој морал да вложи најмалку 50 евра за да се реновира замокот.

Како се завршило? Завршило со повеќе од 27.000 луѓе од 115 земји во светот кои собрале над 1.600.000 евра. Дел од новите сопственици на замокот организирале и предбожиќна забава на која се запознале, се дружеле и си ги исполниле детските соништа – преноќување во сопствениот замок.

Денеска замокот е спасен, а еден дел е дури и вселив, па сосопствениците можат да преноќат таму. Меѓу неговите сопственици има ентузијасти од Африка и Куба, а меѓу најновите сопственици се францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, кои своите акции ги добиле на подарок од здружението „Посвои замок“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi