
Контроверзниот пар принцот Хари и Меган Маркл секогаш предизвикуваат грст коментари и создаваат медиумска бура со секоја своја постапка, а последни во низата беа шокантните тврдења на сестрата на Меган дека малиот Арчи не е дете на Хари. Сега повторно се во центарот на вниманието, а тоа е затоа што, наводно, му свртеле грб на друг пријател.
Станува збор за комичарот Џек Вајтхол, кој тврди дека му е забрането да се дружи со овој пар! Џек еднаш призна дека му се допаѓа Кејт Мидлтон и дека флертува со неа, а таа, како што е познато, е сопруга на братот на Хари …

Џек тврди дека повеќе не му е дозволено да го гледа Хари, откако го нарече портокалов лик на Кралската естрада, на сметка на бојата на косата на Хари. Комичарот смета дека тоа е причината поради која бил „исклучен од друштвото“.
Тој ја промовираше својата нова книга во Лондон и додаде дека е загрижен за тоа како неговата шега доведе до крај на пријателството.
Џек не е единствениот со кој принцот раскинал, наводно, откако бил со Меган, па спортистот Усеин Болт минатата година открил дека прекинал секаков контакт со Хари.

Некои извори блиски до Хари тврдат дека тој го отфрлил блискиот пријател од детството, Том Скипи, бидејќи „тоа лошо влијае на него“, како и ПР гуруто Астрид Харбор.
– Сето тоа е дел од планот на Меган. Таа не сака какви било искушенија, бидејќи сака да се концентрира на семејството – изјавил анонимен извор за Експрес.
И поранешните пријатели на Хари се загрижени дека Хари ќе ги оцрни во нови книги, за кои Меган и тој потпишаа договор вреден 29 милиони фунти, а за кои кралското семејство стравува дека барем една од нив ќе биде објавена по смртта на кралицата Елизабета. ..