4 намирници кои позитивно влијаат на крвната слика: Полни се со железо, минерали и витамини

28 март, 20220
cvekla2-830x0

Крвта се смета за најважна течност, бидејќи носи кислород, хранливи материи, хормони, ензими, витамини и минерали до сите клетки во телото.

Покрај тоа, крвта е одговорна за отстранување на отпадните материи од телото и ја регулира киселинско-базната рамнотежа, како и температурата на телото.

Толку е важна што неа зависат сите системи во телото, а еден од многу важните фактори кои влијаат на нејзиниот квалитет е секако правилната исхрана.

Постојат многу намирници кои позитивно влијаат на крвната слика, а ова се само некои од нив:

1. Аронија

Збогатена со јод, железо, фосфор, калциум и многу други елементи, минерали, витамини и антиоксиданси, аронијата е вистински чувар на крвта, телото и физичкиот изглед, чија употреба датира од почетокот на 19 век.

Со консумирање на 50 грама аронија дневно, таа поддржува речиси 50 проценти од потребниот внес на железо.

2. Цвекло

Цвеклото е многу корисно за оние кои страдаат од анемија поради недостаток на железо. Има висока содржина на железо, како и влакна, калциум, калиум, сулфур и витамини.

Цвеклото ќе помогне да се исчисти телото и да се внесе повеќе кислород. Ова за возврат помага да се зголеми бројот на црвени крвни зрнца во телото.

3. Калинка

Калинката ја нарекуваат рајски плод, а тоа не е случајно, бидејќи има бројни здравствени придобивки. Калинката содржи високо ниво на витамин Ц и ја зголемува апсорпцијата на железо во крвта.

4. Спанаќ

Исхраната богата со зелен лиснат зеленчук како спанаќот е многу добра за крвната слика. Спанаќот е богат со железо, како и со витамин Б12 и фолна киселина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi