Бред Пит: „Срцето ми е скршено, цел живот сум осамен!“

23 јуни, 20220
brad-pitt-last-leg

Јулската насловна страница на магазинот „GQ“ овојпат ја краси Бред Пит, а холивудскиот актер во искрено, трогателно интервју на јавноста и даде увид во некои од неговите најинтимни чувства, што е вистинска реткост. Имено, Пит во текот на повеќе од три децении кариера ретко бил отворен, па затоа е изненадување неговата подготвеност да признае како се чувствува.

Прославениот 58-годишник успеа повторно да најде позитивност по болниот развод со Анџелина Џоли во 2016 година, но од друга страна, тој е убеден дека секој маж во одреден период од животот чувствува страшна болка во срцето.

Тој за „GQ“ истакна дека емотивните превирања и длабоката тага се неизбежен дел од растот.

„Мислам дека сите имаме скршени срца. Отсекогаш се чувствував многу осамен во мојот живот, бев осамен како дете, осамен сум сега, овде, и навистина до неодамна не можев да го почувствувам прифаќање од семејството и пријателите“, изјави тој.

„Каква е таа линија, без разлика дали тоа го кажал Рилке или Ајнштајн, верувале или не, но има врска со тоа, ако можете да живеете со таков парадокс, кога чувствувате и силна болка и вистинско уживање, тоа е зрелост, тоа е раст“, ​​додаде Пит.

И покрај преовладувачкото чувство на изолација, тој призна дека ја пронашол својата заедница и вистинските пријатели кога решил да се откаже од алкохолот во 2016 година. Веднаш по разводот, тој помина 18 месеци редовно присуствувајќи на состаноци на анонимни алкохоличари, притоа прифаќајќи ги основните принципи на групата за апстиненција од сите супстанции кои влијаат на умот.

„Имав многу кул група мажи која беше навистина приватна и добро воспитана, така што беше безбедно“, искоментира тој.

Бред, исто така, призна дека отсекогаш имал чувство дека наскоро ќе биде осуден на пропаст, како и дека често го мачи еден ист сон што се повторува, во кој тој е брутално прободен.

„Во рок од солидни четири или пет години преовладуваше сонот како некој скока и ме прободува. Се будев престрашен. Не разбирав зошто би сакале да ме повредат. Ова престана пред година или две, откако почнав да се навраќам на тој сон и само прашувам „Зошто?“, открива актерот.

Актерот најави и крај на кариерата, нагласувајќи дека улогите за кои моментално добива понуди не ги исполнуваат неговите критериуми: „Мислам дека се наоѓам во последниот семестар или тримесечие“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *