Три видови на овошје кои можат да ви помогнат при чистењето на целата куќа: Природата во улога на најмоќното средство!

23 јуни, 20220
shutterstock510917605-830x0

Чистењето на куќата не е омилена активност за никого, особено не кога ни го одзема времето од викендот и моментите кои можеме да ги поминеме со семејството и пријателите. Ако на тоа се додаде и отпорот на многумина од нас на користење на бројни хемикалии, чистењето на домот е една од најодвратните работи за која ни е потребна дополнителна мотивација.

Затоа ви го откриваме чудесното дејство на трите најприродни можни средства за чистење кои ќе ви помогнат редовно да оддржувате одредени делови од домаќинството, а тоа се: грејпфрут, лимон и банана.

Експертот за чистење, Доминика, која често објавува совети за чистење и оддржување на куќата на Тик Ток, вели дека со помош на овие три овошја ќе заштедите време при чистење на бањата, микробрановата печка како и при чистење на кожните чевли.

Грејпфрут
Сокот од грејпфрут е одлично решение за чистење на бањата. Може да се користи за чистење на мијалникот или кадата, а се што треба да направиме за да го направиме овој природен лек е да го преполовиме грејпфрутот и да го потопиме во кујнска сол.

Обилно посипете ја површината што сакате да ја исчистите, а кога ќе завршите, темелно исплакнете ја областа со топла вода. Така, грејпфрутот може да се користи за чистење на бигор и „блага“ мувла, а исто така мириса одлично.

Лимон
Сокот од лимон се препорачува за чистење на микробрановата печка како и обичните печки, а она што треба да го направите со ова средство за чистење е да измешате сок од лимон со вода во сад и да го ставите садот во микробранова печка. Вклучете на максимум две минути, а откако ќе заврши, оставете ја вратата затворена уште неколку минути за да спречите излегување на пареата.

На крајот, избришете ја внатрешноста на микробрановата печка со памучна крпа. На ист начин функционира и при чистење на обична рерна, но оставете го садот на 200 степени 20 минути.

Покрај ова, можете да користите и сок од лимон за да ги отстраните непријатните мириси од машината за миење садови, така што ќе го оставите садот со исцеден лимон преку ноќ во празната машина.

Исто така, ако на даска за сечкање намачкате половина лимон, ќе ги отстраните дамките, но и бактериите.

Банани
Звучи малку чудно, но блогерката која пробала вели дека кората од банана би можела да биде решение за заштита на кожните чевли. Калиумот кој се наоѓа во кората од банана често е клучна состојка во некои лакови за чевли.

Се што ви треба за овој трик е кора од банана и памучна крпа. Избришете го чевелот неколку пати со внатрешната страна на кората од банана, а потоа повторно со крпа. Редовната употреба на кора од банана на кожени чевли ќе ги заштити од пукање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *