ВИКЕНД РУЧЕК! Компири со шампињони
24 септември, 20220
Компирите може да се подготват во разни комбинации, а доколку ги подготвите со печурки, ќе имате комплетен ручек
Состојки:
1 кг компири
200 гр шампињони
главица црвен кромид
три чешниња лук
две црвени пиперки
една лажичка мелен пипер
лажичка сув билен зачин
сол, сусам
магдонос, масло
Подготовка:
Сварете ги компирите со лушпата. Кога ќе се изладат, излупете ги и исечете ги на поголеми парчиња. Пропржете го кромидот, па додадете ги шампињоните исечени на листови и пиперката исечкана на прстени.
Пропржете неколку минути, додадете мелен пипер, лук и други зачини.
Наредете ги компирите во сад за печење, истурете ги печурките, посипете ги со сусам и печете во рерна.
Пријатно јадење!