
Купувањето шминка преку Интернет или во неспецијализирани продавници може да биде многу ризично
Во кутијата за шминка, на која го пишува името на познат бренд, понекогаш не е производот што мислите дека сте го купиле. Ова е речиси секогаш случај кога купувате шминка од неовластени продавачи.
Производителите на лажна, неквалитетна шминка не се двоумат да користат токсични материи при правењето на таа шминка.
Затоа треба да обрнете посебно внимание при купувањето. Кога се применуваат, овие токсични материи доаѓаат во контакт со вашата кожа и може трајно да ја оштетат.
Лажната шминка може да остави трајни ефекти на вашата кожа и неповратно да го оштети вашиот изглед. Истражувањата покажаа дека лажната шминка содржи траги од канцерогени честички, измет и човечки отпад.

Во лажните козметички препарати се пронајдени траги од разни бактерии, алуминиум и отровни честички и метали, како берилиум и арсен.
Меѓу најотровните елементи кои се наоѓаат во лажните марки е оловото, кое може многу лошо да влијае на сите органи во телото, особено на мозокот.
Ако сте нарачале шминка од Интернет, или сте ја купиле на пазар, обрнете внимание на деталите на пакувањето. Обично ви укажуваат дека се работи за лажен производ.

На што да се обрне внимание?
– Логото на познатиот бренд, бидејќи често не е вешто ископирано.
– Споредете го фонтот на буквите на пакувањето со фонтот на оригиналното пакување.
– Проверете ја репутацијата на продавачот, можеби некој веќе имал проблем.
– Проверете дали производот има етикета со список на состојки.