Иако секој возач мора да положи тест пред да седне зад воланот, многу возачи сепак ги прекршуваат сообраќајните правила
Ова прашање од теоретскиот дел на тестот за возачи предизвика контроверзии на социјалната мрежа „Твитер“.
Еден од корисниците на Твитер објави слика од раскрсница каде од три правци доаѓаат три возила, од кои едното има знак за стоп, а едното „превртен триаголник“. Од идните возачи се очекува точно да одговорат кој возач на возило има првенство на минување и по кој редослед.
Не знам. pic.twitter.com/L3hkQ6z6k7
— Гилти Сигурдсон (@SiggySwans) October 12, 2022
„Ова е најтешкото прашање за возачкиот испит: и најдобрите паѓаат на ова“, напиша еден корисник на Твитер.
„Боже, погледни ги знаците на раскрсницата! Кај сината е „СТОП“- оди последен! Кај жолтата е „врестување со пат со првенство на минување” – треба да ја пушти црвената! Црвената е на улица со првенство на минување – оди прва“, самоуверено напиша.
Дилемата ја разреши сообраќаен вештак со предупредувачка порака.
Според тоа, точниот одговор е следниот: на приложената раскрсница прво првенство има црвениот автомобил, потоа жолтиот автомобил што врти лево и дури потоа синиот автомобил со знак СТОП.