
Многу луѓе чувствуваат голема возбуда откако ќе купат нова гардероба. Сепак, научниците откриле дека ова чувство многу брзо исчезнува и не трае долго, пишува „The Sun“.
Нема сомнеж дека станавме потрошувачко општество, а тоа е поткрепено со ново истражување.
Најновата студија покажа дека возбудата од купување на нова облека исчезнува по само четири носења, па дури и се претвора во чувство на вина поради потрошените пари.
Сјајот по купувањето на нова гардероба не трае долго, дури 22 отсто од нив признале дека возбудата од купување на нова облека е минлива.
Дури 17 отсто од потрошувачите изјавиле дека по купувањето им се развива сомнеж дали навистина им се допаѓа купеното парче, а дури 56 отсто од нив признале дека купувањето преминува во вина.
Когнитивниот психолог д-р Каролин Мер вели дека нашиот мозок е стимулиран од новитети, но брзо се навикнува на нови работи.
– За релативно краток временски период, она што некогаш беше ново и возбудливо, престанува да не привлекува. Нивото на допамин се намалува, па мотивирани сме да бараме нов извор на возбуда – изјави таа.
– За среќа, може да постигнете позитивен исход со купување на она што знаете дека ќе ви се допадне и со грижа за облеката што ја имаме – додаде психологот.
Истражувачите откриле дека многу луѓе се чувствуваат виновни што трошат премногу пари на гардероба и купуваат облека што навистина не им е потребна.
Од друга страна, 57 отсто од луѓето се чувствуваат позадоволни кога ќе успеат да купат парче облека што било на распродажба.