
Докторка по пластична хирургија покажа како изгледа силикон после 3 децении
Докторката за пластична хирургија, Никол Кастелес, на својот „TikTok“ сподели видео од силикон во градите по одреден временски период. Таа истакна ситуации кои воопшто не се пријатни, а кои можат многу лесно да се случат.
Таа со децении работи во индустријата за пластична хирургија. Докторката била непријатно изненадена од она што имала да го види. Имено, откако извадиле силикони од градите на жена која ги има од 1985 година, тие пукнале и протекле.
Шокирана од состојбата на имплантите кои се калцифицирале во пациентката по пукањето, д-р Кастелес на „TikTok“ го споделила своето откритие.
Станале тврди и течеле од сите страни. На видеото ги врти силиконите за да можат да се видат од сите агли, а оваа глетка ќе ве натера двапати да размислите пред да се одлучите на ваков чекор. Таквата маса воопшто не наликува на онаа проѕирна и мазна маса што имаме можност да ја видиме во ординација кога лекарите ќе ја покажат.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Овие импланти се стари 35 години, а 65-годишната пациентка ги задржала по предлог на друг специјалист. Докторката нагласила дека таа не добила соодветна медицинска нега.