Џон Траволта во прегратките на Томи Ли: Легендите лудо се забавуваат
– Томи, ти благодарам за најдобрата рокенрол вечер. Матли Кру во своето најдобро издание. Ве сакам многу – напиша Џон Траволта
Џон Траволта не крие дека е голем обожавател на Томи Ли и неговиот бенд „Motley Crue“, пишува „Hollywood Life“.
Актерот присуствуваше на нивниот концерт во Џексонвил (Флорида) и сподели фотографија и видео на кое покажува колку се забавувал.
Заедничката фотографија со Томи Ли не изостана. Траволта и музичарот позираа во прегратка.
На видеото се гледа како актерот ужива зад сцената додека групата настапува пред обожавателите.
– Томи, ти благодарам за најдобрата рокенрол вечер. Матли Кру во своето најдобро издание. Ве сакам многу – напиша Џон Траволта.
Еве ја заедничката фотографија на Траволта и Томи Ли. А, видеото може да го погледнете ОВДЕ.