
– Тревис многу пати има победено многу работи, па сигурна сум дека ќе има сила да го надмине и ова – изјави Шана.
Поранешната сопруга на Тревис Баркер, Шана Моаклер, проговори за лошата здравствена состојба на тапанарот, а во изјавата им се заблагодари на сите кои се грижат за неговото здравје.
Шана ја пофали и неговата сегашна сопруга Кортни Кардашијан дека е постојано покрај него, а тоа им привлече око на многумина бидејќи шпекулираа за нивниот однос.
Што се однесува до Баркер, тој вели дека верува дека пред него се подобри денови.
– Им благодарам на сите што ме прашаа за мојот поранешен, татко на моите деца. Знам дека е во добри раце и опкружен со љубов. Најдобрите лекари го лекуваат. Неговата убава сопруга Кортни исто така не го напушта – нагласи Шана, па додаде:
– Се надевам дека брзо ќе закрепне, а нашите деца повеќе нема да бидат толку загрижени. Тревис многу пати има надминато многу работи, па сигурна сум дека ќе има сила да го преброди ова.
Да се потсетиме дека во 2008 година Тревис беше во авионска несреќа заедно со уште двајца пријатели. Имаше тешки изгореници по целото тело, и посттрауматски синдром, како и чувство на вина што преживеал. Долго време не можел ни да помисли да лета.
Тоа се промени во 2021 година, кога тој и Кортни се качија во авион и отпатуваа за Мексико на одмор.