ИЗГОРЕНИЦИТЕ „ТРААТ“ ПОДОЛГО ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ: Дерматолог открива кога е време да одите на лекар!

popara2 јули, 20221min00
opekotine-od-sunca

Изгорениците од сонце се многу чести во летниот период – еве колку долго ќе ве мачат доколку се изгорите и кога треба да посетите лекар.

Без разлика дали сте заборавиле да нанесете крема за сончање или едноставно поминувате премногу време на сонце, изгорениците дефинитивно може да ви го уништат денот. И тоа не само еден ден бидејќи, според дерматолозите, изгорениците од сонце траат многу подолго отколку што би сакале.

“Во повеќето случаи, изгорениците од сонце, црвенилото и болката ќе исчезнат по три до пет дена. Но, ако имате потешки изгореници, со плускавци, тие можат да траат и до десет дена”, вели дерматологот Ронда Клајн.

Болката од изгорениците обично се јавува два до шест часа по изложувањето на сонце, а максимумот ќе го достигне по околу 24 часа. Во случаи на посериозни изгореници, каде што се појавуваат лупења на кожата и плускавци, тие обично се појавуваат помеѓу шест и 24 часа по изложувањето на сонце, но понекогаш се појавуваат и по многу подолго.

Лупењето на кожата е дел од процесот на заздравување, а најчесто започнува по три дена. Треба да престане кога кожата е целосно заздравена, што може да потрае неколку недели при потешки изгореници. Дерматолозите советуваат да не правите пилинг на кожата кога ќе почне да ви се лупи, бидејќи тоа може да предизвика дополнителни оштетувања.

Опасни симптоми на изгореници

Иако и најблагите изгореници од сонце не се добри за кожата – експертите велат дека го зголемуваат ризикот од рак на кожата – посериозните се особено опасни. При благи изгореници, кожата е црвена и болна, при умерени изгореници може да се појави оток, а кожата може да биде жешка на допир. Посериозните изгореници се обично екстремно црвени, со болни плускавци и може да бараат медицинска помош.

Доколку се појави треска заедно со изгорениците, задолжително посетете лекар. Во посериозни случаи, прекумерната изложеност на УВ зраци може да доведе до дехидратација, исцрпеност, знаци на екстремна жед, болка, конфузија, забрзан пулс. Исто така, за плускавци кои покриваат поголема површина на кожата, треба да се побара совет од лекар, како и ако забележите знаци на инфекција на пликовите – гној, оток…