„Одмор кој подмладува“: Куќички на дрво во кои ќе се чувствувате слободно како птица

2 јули, 20220
62333803

Проектот е поттикнат од намалувањето на популацијата на птици во Шведска и е дизајниран во соработка со орнитолозите кои предупредуваат дека поради уништувањето на шумите, птиците имаат се помалку места за гнездење…

Џиновска топка која виси среде прекрасниот шведски пејзаж нуди сместување во Харадс опкружено со стотици куќички за птици. Речиси нереалната сцена ја потпишува „Bjarke Ingels Group“, компанијата одговорна за нордискиот дизајн на хотелот наречен „Treehotel Biosphere“. Округлите небески апартмани имаат околу 34 квадратни метри, а 350 мали куќички распоредени однадвор привлекуваат птици да се гнездат таму.

Проектот е поттикнат од намалувањето на популацијата на птиците во Шведска и е дизајниран во соработка со орнитолозите кои предупредуваат дека поради уништувањето на шумите, птиците имаат сè помалку места за гнездење. Дизајнот на сместувањето во дрвјата не е само функционален туку и декоративен, а со своите чисти линии и едноставниот дизајн не се издвојува од околината.

220308161535-biosphere-treehotel-interior-decor-full-169
Bild15-1-scaled-e1647514285138
download
29-Image-by-BIG-Bjarke-Ingels-Group-scaled-1-600x480
220308162048-biosphere-treehotel-wide-shot (1)

Освен дрво, за конструкцијата е искористено и големо количество стакло кое обезбедува доволно светлина за гостите да уживаат во погледот на прекрасните шведски борови кои даваат сенка.

„Непосредно пред пандемијата, поминав неколку дена во „Treehotel“ и можам да кажам дека чувството да се нурне во природата подмладува“, коментира основачот на „BIG“, Бјарке Ингелс.

Предвиден како сместување за двајца, „Biosphere“ има брачен кревет, дневна соба, туш, тоалет и сауна. Најблискиот аеродром е Лулеа, кој е оддалечен околу 70 минути со автомобил, а железничката станица Боден е на 35 минути. Ако сакате, можете да изнајмите и хеликоптер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi