Генијален трик: Ставете го ова ОВОШЈЕ со КОМПИРИТЕ и спречете го нивното брзо расипување

popara3 октомври, 20221min00
profimedia-0601749454

Ако не се складира правилно, компирот брзо ќе проникне, а вие дефинитивно не го сакате тоа.

Секако, доколку живеете во град, сигурно немате идеални услови за складирање на компири (суво и темно место, по можност подрум во земја).

Ако компирот е на светло и влажно место, ќе почне да никнува и брзо ќе ја изгуби цврстата текстура и препознатливиот вкус. Сепак, постои едноставен начин да го спречите тоа, а ви треба само едно јаболко.

Сè што треба да направите е да додадете едно јаболко во центарот на садот или кесата со компири. Јаболкото произведува и ослободува етилен, природен гас кој го спречува создавањето на корени и ртење на компирот.

Меѓутоа, јаболката предизвикува и пребрзо зреење на другите овошја и зеленчуци, па затоа треба да се чуваат подалеку од нив.

Компирите складирани со јаболка остануваат цврсти и не никнуваат дури и по осум недели, за разлика од компирите складирани без овошје, кои се генерално меки, збрчкани и со тажен изглед.