Каде одат тие, доаѓаат и проблемите: Опра Винфри мора на суд заради Меган Маркл и принцот Хари?

popara3 октомври, 20221min00
231951_opra-ap01_ff

Познатата водителка Опра Винфри би можела да се најде во непријатна ситуација поради интервјуто кое го направи со Меган Маркл и принцот Хари.

Имено, како што се наведува во странските медиуми, Опра би можела да биде сослушана пред суд во постапката што ја покрена полусестрата на Меган Маркл, Саманта, за клевета.

Саманта смета дека нејзиниот углед е нарушен по некои тврдења кои Меган ги изнела во 2021 година во шоуто на познатата водителка.

Поради оваа причина, Опра би можела да биде повикана да сведочи како еден од сведоците. Според адвокатот на Меган, Мајкл Камп, адвокатите на Саманта пронашле дури 19 сведоци, меѓу кои и принцот Хари, мајката на Меган Маркл и самата водителка Опра Винфри.

– Иако тужбата против мојот клиент е неоснована и апсурдна, ние ќе и го посветиме потребното внимание. Само минимум, колку што заслужува вакво нешто – беше самоуверен адвокатот на Меган Маркл.

foto: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Камп инсистираше на тоа дека забелешките на Меган во нејзиното интервју со Опра биле заштитени со Првиот амандман. Во меѓувреме, Саманта тврди дека Меган шири лаги за неа откако и кажала на Опра дека е единствено дете и покрај тоа што двајцата имаат ист татко, Томас Маркл.

Таа исто така тврди дека Меган лажела кога во интервјуто рекла дека последен пат ја видела својата полусестра пред 18, 19 години.