Град на море: Најголемиот крузер на светот кој би ја собрал целата популација на Берово – и би останало уште место

popara26 октомври, 20221min00
62405331

Со 15 ресторани, седум базени, затворен воден театар и најголемиот воден парк на море, Royal Caribbean Icon of the Seas треба да исплови во јануари 2024 година.
Со максимален капацитет, морската икона може да прими 7.600 патници, што значи дека крстаречкиот џин може, на пример, да ги смести сите жители на Берово, а место и понатаму би имало.

„Од моментот кога патниците ќе влезат на бродот, секое искуство е специјално дизајнирано за да им овозможи најдобар одмор на копно и на море. Icon of the Seas нуди врвен семеен одмор“, рече претседателот и извршен директор на Royal Caribbean Group Џејсон Либерти.

Кога ќе биде завршен, бродот долг 365 метри ќе има 20 палуби. Тој, исто така, ќе плови на ноќни крстарења до Источните и Западните Кариби од Мајами.

Еден од најпопуларните објекти на бродот сигурно ќе биде најголемиот воден парк на море. Помеѓу шесте тобогани ќе биде и „Pressure Drop“, отворен тобоган за слободен пад, како и „Frightening Bolt“, највисокиот тобоган на море, висок 14 метри.

Патниците ќе уживаат во ресторани, кафулиња, барови и салони, како и купола сместена на врвот на бродот која ќе нуди поглед на океанот и водопадот. Куполата ќе служи како ресторан, но и како интерактивен театар. Достапни се 28 типа на соби, а најмногу ќе бидат ценети оние со најдобар поглед на океанот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma