Грицкајте ЦЕЛЕР помеѓу оброците: Полн е со витамин К и ја намалува можноста за развој на ДВЕ болести

9 февруари, 20220
Celer

Поволно делува на крвниот притисок

Треба да се трудиме во исхраната да има што повеќе зеленчук, овошје и минерали, па експертите препорачуваат помеѓу оброците да јадете целер.

Нутриционистката Маја Фелер вели дека има некои хранливи материи во стеблата и листовите, но најмногу има витамин К, кој е клучен за телото за правилно згрутчување на крвта и градење на коските.

Исто така, целерот содржи и растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во работата на цревата и се неопходни за добро редовно варење, како и правилна функција на цревата, а не содржи никакви штетни калории (шолја сечкан целер има вкупно околу 14 калории).

Фелер истакнува дека вредни за внимание се и хранливите состојки кои ги содржи целерот. Една од причините е тоа што содржи антиоксиданси како бета – каротен, витамин Ц и флавоноиди, како и кофеинска киселина која се наоѓа во кафето, чајот и виното. Сепак, она што го прави целерот најкорисен за нас се неговите влакна и „добрите“ бактерии кои ги содржи, кои се одговорни за многу дигестивни функции како што се разградувањето на храната, апсорпцијата на хранливи материи и контролата на воспалението на цревата.

– Освен тоа, целерот го подобрува здравјето на срцето бидејќи содржи фталидни соединенија за кои се покажало дека благотворно делуваат на крвниот притисок – вели диететичарот Сајмон Муду.

Поточно, фталидите, вели тој, ги релаксираат крвните садови, што го подобрува протокот на крв во срцето и другите витални органи и го намалува високиот крвен притисок, кој е главен фактор на ризик за срцеви заболувања. Друг фактор на ризик за срцеви заболувања на кои влијае целерот е холестеролот. И повторно, благодарение на неговите влакна, кои се врзуваат за вишокот холестерол во дигестивниот систем, а поради влакната е одличен и за намалување на шеќерот во крвта.

Имено, неговите растворливи влакна го забавуваат варењето на шеќерот, што пак спречува нагло скокање на шеќерот во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Една шолја сечкан целер содржи и 29,6 микрограми витамин К, што е една третина од препорачаната дневна доза за жени (90 микрограми), четвртина за мажи (120 микрограми).

Овој витамин е потребен и за производство на остеокалцин, протеин кој влијае на јачината на коските бидејќи е одговорен за таложење на калциум во нив. Покрај тоа што е полн со вода, целерот содржи и два електролити кои помагаат во одржувањето на рамнотежата на течностите во клетките, така што доволниот внес на целер помага во хидратација и обезбедува телото да добие доволно вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi