ДАЛИ ИМАТЕ НЕПРИЈАТНА БОЛКА ГРЛОТО? Овие стари рецепти ќе ве спасат од маките!

14 април, 20220
489352_xstock-photo-attractive-brunette-sitting-on-bed-with-sore-throat-1257992872_f

Доколку имате проблеми со болки во грлото, можете да пробате некои од овие стари рецепти

Млечен пијалок со цимет

Измешајте една лажица шеќер, два прстофати сода бикарбона и половина лажичка цимет. Додадете 250 мл млеко и добро промешајте. Ставете на тивок оган и промешајте. Тргнете го од оган пред да зоврие млекото и додадете една лажица мед. Послужете додека е топло.

Билен чај со ракија

Измешајте зелен чај, чај од камилица и лимон и ќе добиете здрав напиток полн со антиоксиданси. Ако на него додадете лажичка мед, сок од лимон, ѓумбир и малку ракија, ќе се чувствувате како да сте земале природен аналгетик.

Гаргара

Направете солен раствор од 250 мл вода и лажичка сол. Смесата се става на оган и се вари. Земете поголема голтка течност, навалете ја главата и направете гаргара. Не ја голтајте течноста, туку исплукајте ја по десет секунди. Повторувајте го ова најмалку пет пати на ден додека не исчезнат симптомите на болно грло. Правењето гаргара со физиолошки раствор ќе ги намали симптомите на болки во грлото и ќе помогне да се исфрли вирусот од телото.

Инхалации

Сварете три шолји топла вода и натопете кесичка чај од лимон, камилица и малку свеж ѓумбир. Оставете пет минути да се излади. Пробајте ја пареата со рака за да не биде премногу жешка и истурете ја течноста во поголем сад или сад за инхалација.

Земете чиста крпа и ставете ја преку главата. Наведнете се, покриени со крпата, над садот и вдишувајте ја пареата преку устата и носот пет до десет минути. Ќе се ублажи болката во грлото, што ќе ви го олесни заспивањето.

Топла облога

Направете чај од суви цветови од камилица и натопете чиста крпа во него додека е уште топол. Кога чајот малку ќе се излади, добро исцедете го пешкирот, свиткајте го по должина и замотајте го околу вратот. Кога облогата ќе се олади, повторно загрејте го чајот и повторете ја постапката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi