ГОЛА И НА НАЈОМИЛЕНОТО МЕСТО: Џеј Ло откри каде и како ја запросил Бен. За некои преобично, за неа најромантично

popara14 април, 20221min00
Jennifer-Lopez-i-Ben-Affleck

Откако сподели со светот дека актерот Бен Афлек повторно клекнал речиси 20 години од првиот обид, Џенифер Лопез опиша и како се случил моментот на љубовта.

Кога Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија својата љубов по речиси 20 години, на многумина им покажаа дека судбината сè уште ги испреплетува прстите во некогаш незамисливи ситуации.

Zaručili su se Jennifer Lopez i Ben Affleck

Како шлаг на тортата, пристигна (нова) веридба, а Џенифер ја потврди среќната вест во својата видео порака што ја сними за фановите.

Таа покажа прстен со огромен зелен дијамант додека рече: „Совршен си“. Не случајно прстенот на Џенифер има зелен дијамант, бидејќи пред веста за свршувачката таа зборуваше за тоа дека зелената е нејзината среќна боја. „Сфатив дека има многу моменти во мојот живот кога се случиле неверојатни работи додека сум носела нешто зелено“, раскажа таа.

Zaručnički prsten Jennifer Lopez

Интересно е тоа што Бен првиот пат ја запроси Џенифер со прстен на кој има розов дијамант, а овој пат избра поредок, зелен дијамант. Експертите за скапоцени камења велат дека тоа е најретката боја и е многу тешко да се најде зелен дијамант кој има повеќе од еден карат. Тврдат и дека вредноста на прстенот на Лопез е повеќе од три милиони долари.

И додека сите се прашуваа како дошло до судбоносното прашање (по втор пат), се огласи и Џен. Имено, 52-годишната пејачка и актерка призна дека била гола во када кога Бен го извадил прстенот.

Zaručili su se Jennifer Lopez i Ben Affleck

„Дали некогаш сте замислиле дека вашиот најголем животен сон може да се оствари? Во саботата навечер, додека бев на моето омилено место на земјата – во бања со меурчиња, мојата прекрасна љубов клекна и ме запроси. Бев целосно неподготвена и само го гледав во очи и се смеев и плачев во исто време обидувајќи се да го сфатам фактот дека ова се повторува 20 години подоцна“, изјави емотивната Џеј Ло.

„Не беше ништо луксузно, но најромантичното што можев да го замислам. Тивка сабота дома, двајца си ветуваат дека засекогаш ќе бидат тука еден за друг“, додаде таа.

Дали овој пат конечно ќе стигнат до олтарот или ќе заврши неславно како пред две децении, ќе покаже времето. Секако се надеваме на првото.