Скриеното значење на сите негови бакнежи

popara14 април, 20221min00
12342262356256ba201ba79724434939_640

Што значи кога ве бакнува во вратот, усните, челото…? Знаеме дека во светот на љубовта делата зборуваат многу повеќе од зборовите. Таа изјава важи и за бакнежите.

Различни видови бакнежи имаат свои мали, скриени значења, кои можат да ви откријат многу.

Меѓу нас има поединци кои сакаат да зборуваат за секое свое чувство, но има и такви кои имаат проблем со зборовите. Така тие наоѓаат други начини да покажат како се чувствуваат. Бакнежот што го добивате од партнерот може да ви открие што навистина се случува во неговото срце.

Прочитајте сè за 7-те видови бакнежи и нивните скриени значења подолу.

  1. Бакнеж на усните

Значење: Навистина ја цени вашата љубов

Брзиот, сув бакнеж, често со затворени усни е начинот на кој луѓето во љубовна врска се поздравуваат при пристигнувањето и заминувањето. Ако вашиот партнер ве бакнува вака и дома, каде што никој не гледа, тоа е знак дека сте станале важен дел од неговата рутина и живот.

Ако така ве бакнува во јавност, тоа е доказ дека е сериозен кога е во прашање вашата врска.

  1. Бакнеж на врвот на главата

Значење: Тој сака да се грижи за вас

Кога мажот ја бакнува својата партнерка на врвот од главата, тоа значи дека се чувствува заштитнички. Тоа значи дека не можел да одолее – морал да престане со тоа што го прави и да ви даде до знаење дека се грижи за вас, дека сака да го дели просторот со вас и дека му значите се.

  1. Бакнеж во рака

Значење: Флертува со вас

Ако мажот ве бакнува во рака, можете да бидете сигурни во неколку работи. Прво: тој е исклучително самоуверен. Потребна е храброст за мажот (во денешно време) да бакне женска рака, освен ако не сте член на кралското семејство.

Второ: тој е изведувач или актер. Тоа не значи дека неговите чувства не се искрени, но бидете подготвени за многу додворување.

  1. Бакнеж во вратот

Значење: Тој има силни романтични чувства кон вас

Овој вид на бакнеж е одличен знак. Бакнежот во вратот е романтичен гест со кој вели дека ве сака. Тоа го прави без збор, но многу јасно и прецизно.

  1. Француски бакнеж

Значење: Фасциниран е од вас, целосно

Кога мажот ќе ве бакне на ваков начин, особено кога ќе ви го прегрне лицето со рацете, без разлика дали е свесен или не, ви открива колку е маѓепсан од вас. На овој начин ви покажува колку сте му привлечни.

  1. Бакнеж во образ

Значење: Нему (засега) баш и не му е важно

Бакнежот во образот е сосема спротивно од бакнежот со јазик. Ви покажува дека се грижи, но (сепак) не на начинот на кој вие би сакале.

  1. Бакнеж во чело

Значење: Ве сака на подлабоко ниво

Со бакнеж во чело, мажот ви дава до знаење дека ќе биде тука и дека сака да ве заштити. Дополнително, ви кажува дека сака сè на вас, не само вашето тело. Бакнежот во челото е всушност како бакнеж во мозокот.