
Нутриционистот Јована Вучелиќ истакнува дека за нашето здравје е многу важно денот да го започнеме со чаша вода на празен стомак.
Можеби сте слушнале дека би било добро денот да го започнете со чаша вода, но не сте сигурни дали тоа е вистина и каков ефект всушност би имало на вашето тело.
Нутриционистот Јована Вучелиќ се занимаваше со ова прашање и откри дека навиката да пиете вода, на празен стомак, веднаш по станувањето е она од што зависи вашето добро здравје:
Се прашувате зошто?
- Бидејќи водата ќе го стимулира движењето на дебелото црево
- Започнуваат процесите на варење
- Телото се буди
- Нашето варење и метаболизам може да се одвиваат само во присуство на вода.
А зошто е толку важен внесот на вода?
Бидејќи сè што јадеме преку намирниците, хранливите материи – јаглехидратите, протеините, мастите, витамините, минералите, водата ќе помогне да се „однесат“ до органите на кои им се потребни.

Колку вода ви треба?
Дневните потреби за вода се индивидуални и зависат од:
- полот
- физичката активност
- годините
- надворешна температура
Знаци дека не внесувате доволно вода:
- сува кожа
- главоболка
- гадење
- пад на концентрацијата и енергијата
- чувство на слабост
- замор
Колку вода внесувате дневно и дали чувствувате некој од симптомите споменати погоре?