ПО ДВЕ ГОДИНИ БОРБА КОНЕЧНО ГО ПОБЕДИ РАКОТ! Оскаровецот раскажа се за своето НАЈБИЗАРНО ЧУВСТВО!

popara25 септември, 20221min00
614473_dzef-brizes_f

По две години, оскаровецот Џеф Бриџис го победи лимфомот, а подоцна и потешка форма на ковид

На актерот во 2020 година му беше дијагностициран лимфом, за што ја информираше јавноста, додавајќи дека се работи за тешка болест, но дека прогнозата е добра и дека им верува на лекарите.

– Добив рак и хемотерапија, а потоа и ковид. Хемотерапијата ми го одзеде имунолошкиот систем, па добив потешка форма на ковид. Бев болен околу две години и сè уште ми е магливо – рече актерот и додаде дека и покрај се останал позитивен.

Како што изјави, се обидел да го види најдоброто во дадената ситуација.

– Не е се лошо. Имаше и некои неочекувани работи. Ја чувствував сета љубов која доаѓаше до мене од моето семејство и пријателите и од другите луѓе ширум светот. Тоа беше неочекувано, убаво чувство, како и љубовта што сето тоа ми ја всади. Си реков: „О, да, ова е животот, ова е прекрасно“ и сè стана некако мило во текот на тоа време – објасни тој.

Минатата година, во јануари, Бриџис ја сподели добрата вест со своите фанови, дека неговиот рак драстично се намалил. Тогаш истакна дека „времето поминато во болница му изгледало како сон“.

– Го прекинавме снимањето поради пандемијата и паузиравме неколку месеци во кои започна мојата здравствена авантура. Две години подоцна се вратив на работа и тоа беше најбизарното чувство – како да имавме долг викенд и едвај чекав да им кажам на пријателите за мојот сон. Бев болен, бев во болница, знаете, сè беше како сон. Сега повторно застанав на нозе и воодушевен сум што сум тука – вели актерот, истакнувајќи дека сега се чувствува добро.