10 афирмации за полна месечина во Лав на 16 февруари – искористете ја неговата енергија за да си ги исполните желбите
Полната месечина во Лав го достигнува врвот на 16 февруари, а истовремено, влијание ќе има и спојот на Венера и Марс, зголемувајќи ги вибрациите на креативноста, ослободувањето, привлечноста и страста.
Под енергијата на полната Месечина можеме да станеме магнети и да привлечеме сè што ќе посакаме. Во состојба сме да се поврземе со сето она што ни дава моќ и нè поттикнува да ги искористиме своите таленти.
За да ја искористите енергијата на полната Месечина во Лав за остварување желби, мотивирајте се со следниве афирмации:
- Во животот креирам баланс помеѓу љубовта, работата, парите и среќата.
- Го ослободувам она што не сум, се прифаќам себеси во целост.
- Го ослободувам сето тоа што ме кочи и ми носи негативност.
- Сите позитивни работи што ги давам, дупло ми се враќаат.
- Јас сум херојот на својата животна приказна.
- Се ослободувам од минатото и го отворам срцето за среќна иднина.
- Ги почитувам роковите на истекување.
- Секое следно ниво во мојот живот изискува поинаква верзија од мене и јас се приспособувам.
- Кога го следам своето срце, јас сум во изобилие, успешна сум и слободна.
- Храбро му дозволувам на универзумот да го открие неговиот прекрасен план за мене.