
ОВЕН (21. III – 19. IV)
Следете ги вашите амбиции. Денес тестирајте ги вашите граници и ќе се изненадите од резултатот. Врати кои сте ги сметале за заклучени, сега ќе се отворат пред вас.
Завршете го силниот работен ден со вечера со колегите. А зошто да не ги донесете и вашите пријатели на едно место? Колку повеќе луѓе, толку подобро.
БИК (20. IV – 20. V)
Соработките се за претпочитање денес. Планетите ќе ви го разбудат тимскиот дух и многу раце ќе бидат подадени кон вас подготвени да ви помогнат. Луѓето ќе обожаваат да бидат во иста мисија со вас.
Можеби нема да имате контрола врз секое делче од вашиот живот, но дефинитивно контролата врз проектите на работното место ќе биде во ваши раце.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Искористете ја новата можност која стои пред вас. Конкуренцијата за вас ќе биде голема, но можете да ја победите ако бидете побрзи во реакциите. Вашите лични несигурности не треба да ви бидат пречка во остварување на целите.
Можно е да почувствувате дека во вашето друштво станува тесно и дека на моменти се „гушите“. Размислете добро кои пријатели ви ги предизвикуваат таквите чувства.
РАК (21. VI – 22. VII)
Радувајте му се на животот. Денес ќе уживате во малите нешта, оптимистички ќе гледате на иднината и ќе бидете полни со благодарност за сé што имате. Негативните зборови воопшто нема да бидат изговарани од вас.
Дозволете си да бидете спонтани во љубовта. Следете ги инструкциите на вашето срце, ќе се изненадите од дестинацијата на која ќе стигнете.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Постојано постигнувате нови и нови цели, но денес ќе чувствувате дека не правите доволно и дека треба да одлетате уште подалеку. Амбициозноста ќе биде причината што луѓето ќе ви се воодушевуваат. Ќе стигнете онаму каде што никој не се осмелува да оди.
Не се изненадувајте ако одеднаш одлучите да инвестирате во надежен проект.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Денес ќе го кажувате гласно она што го мислите и ќе го мислите она што го кажувате. Конечно ќе си ја ослободите душата и нема да жалите поради тоа. Да, некои можеби ќе ве оттурнат подалеку, но други ќе ве гледаат како инспирација.
Негувајте ги врските на далечина. Јавете им се на пријателите кои живеат далеку од вас или на роднините кои одамна не сте ги виделе.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Зборовите ќе бидат ваше најсилно оружје денес. Флертувајте со зборови ако има некој што ви се допаѓа, презентирајте ги гласно вашите идеи или преговарајте за одреден договор. Ви претстои успех.
Планетите ве поттикнуваат максимално да го организирате вашето време. Направете детален распоред, а потоа следете го.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Не, вие нема да бидете дел од оние личности кои го препуштаат животот на судбината и чекаат нешто среќно да им се случи за да успеат. Вие со засукани ракави ќе се фрлите на работа и со многу труд ќе си ги постигнувате целите.
Не ги игнорирајте луѓето кои носат тага во очите. Разговарајте со нив, причината може да ве изненади.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Ако постои личност што може да го покори светот само со поглед, тоа ќе бидете дефинитивно вие. Денес вашите очи ќе имаат посевен сјај и навистина ќе бидат огледало кон вашата душа. Воспоставете очен контакт со оној што ви се допаѓа, останатото ќе биде магија.
Стрелците кои се во врска ќе решат проблем кој долго време им се провлекувал. Во претстојниот период ќе се радувате на хармонични односи со партнерот.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Денес добра идеја е да ги обновите контактите со луѓето со кои работевте во минатото. Побарајте ги нивните профили на социјалните мрежи и испратете им порака. Тоа многу ќе ве усреќи.
Лесно ќе паѓате на „старомодна“ романтика вечерва. Вашето нежно срце ќе копнее по љубов и внимание.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Ќе го обожавате времето поминато во учење нови нешта денес. Излезете од удобната зона и започнете да истражувате нови области. Нешто што до вчера воопшто не ве интересираше, сега ќе ви го зароби вниманието.
Некои водолии ќе започнат да создаваат своја книга, ракотворба или песна. Личниот развој ќе ви биде на прво место.
РИБИ (19. II – 20. III)
Полесно е да се каже одошто да се направи, зарем не, драги риби? Ако во изминатиот период само ги кажувавте вашите планови, денес скокнете во мисија за нивна реализација.
Ќе обожавате да комуницирате и да се дружите со пријателите помеѓу сите ваши денешни обврски. Слушнете што имаат да ви кажат луѓето кои знаете дека ви го посакуваат само најдоброто.