Зачувајте го срцето: Намирници кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта

19 септември, 20220
Screenshot_9

Високото ниво на холестерол во крвта е клучен фактор за развој на срцеви заболувања. Добрата вест е што со помош на одредена група на намирници кои треба редовно да ги вклучиме во исхраната, холестеротлот може значително да се намали и да се држи под контрола.

 

 

 

Јогурт

 

Истражувањата покажаа дека билните стероли кои ги содржи јогурот проактив, го намалуваат нивото на холестерол во крвта за седум до 10 проценти за три недели. Конзумирајте јогурт секојдневно со главните оброци, бидејќи стеролите ја намалуваат количината на мастите.

 

Растителни влакна

 

Растителните влакна се врзуваат со холестеролот, па така тој се исфрла со отапдните материи. Лебот богат со влакнести материи треба да се воведе во исхраната. Со метаанализа во 67 истражувања на оваа тема се дошло до заклучок дека конзумирањето на голема количина на растителни влакна помага во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта.

 

Намирници со богат растителен состав на влакна се гравот и леќата. Пожелно е од нив да конзумирате 80 грама дневно.

 

Ореви, бадеми

 

Оревите, бадемите, индиските ореви, кикиритките и лешниците се одлични за намалување на холестеролот.

 

Истражувањата покажуваат дека со секојдневно конзумирање на 8 до 10 вакви плодови во период од три недели се намалува нивото на вкупен холестерол за пет проценти. Кознумирајте ги меѓу 25 и 50 грама дневно.

 

Соја

 

Млекото од соја и јогуртот од соја му помагаат на црниот дроб лесно да го исфрли лошиот холестерол од крвотокот. Сојата може да служи како замена за месните и млечните производи. Се препорачуваат најмалку две до три порции производи од соја дневно. Тоа е количина од околу половина литар млеко од соја или јогурт.

 

Маслиново масло

 

Маслиновото масло содржи монозаситени масти и помага во јакнењето на ѕидовите на артериите, што ги прави артериите отпорни на делувањето на холестеролот.

 

Заситените масти (како што е путерот), треба да се исфрлат од употреба кај луѓе со зголемен холестерол, а да се воведат монозаситени масти. Две лажици дневно од маслиновото масло ќе го намали вкупното ниво на холестерол за 8 проценти во период од шест недели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi